x

Кијану Ривс е ѕвездата на новата видеоигра „Cyberpunk 2077“

Категорија: Забава Објавено на 12 Јуни, 2019 од GSM.mk

Конференцијата E3 на Microsoft секоја година носи многу новости, а овојпат на неа беше најавена видеоиграта „Cyberpunk 2077“, во која ќе се појави еден многу добро познат лик – господинот Џон Вик, во вистинскиот свет познат како Кијану Ривс.

Ова нема да биде првпат за Кијану Ривс да се најде во улога која ќе го „однесе“ во иднината, откако претходно глумеше во филмови како „Johnny Mnemonic“ и „The Matrix“. Трејлерот за видеоиграта „Cyberpunk 2077“ го прикажува Кијану Ривс како киборг, кој е еден од ликовите во неа.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.