x

Кина го лансираше првиот 6G сателит во вселената

Категорија: Забава Објавено на 10 Ноември, 2020 од GSM.mk

Кина успешно го лансираше во вселената првиот 6G сателит во светот со цел да ја тестира технологијата.

Од Центарот за лансирање сателити Таијуан во провинцијата Шанси лансирани се уште 12 други сателити.

Ќе се тестира технологија со голема брзина, која ќе биде еден од основните елементи на комуникациите од шестата генерација.

Сателитот исто така носи технологија што ќе се користи за следење на уништување на посеви и спречување на шумски пожари.

Сателитот 6G беше меѓу трите кинески сателити кои беа успешно лансирани во орбитата, заедно со 10 комерцијални сателити за далечински мониторинг развиени од аргентинската компанија Satelogic.

URL


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.