x

Кина создава најмоќен систем за препознавање лица низ светот

Категорија: Занимливости Објавено на 15 Април, 2019 од GSM.mk

Кина има за цел да создаде најмоќен систем за препознавање лица на светот кој се развива во соработка со компанија за безбедност, чие седиште се наоѓа во Шан

Кина веќе има поставено над 170 милиони најсовремени камери за надзор ширум земјата.

Целта на таа мрежа е да го идентификува секој од своите 1,4 милијарди жители во рок од три секунди. Само во септември минатата година Кина инсталира повеќе од 20 милиони безбедносни камери ширум земјата.

Еден од примерите како во Кина овој масовен надзор, опремен со најнапредна вештачка интелигенција и софтвер за препознавање лица, му се спротивставува на криминалот се и високотехнолошките очила за сонце, кои полицијата во централниот дел на Кина ги користи, а кои се опремени со технологија за препознавање ликови со цел да се откријат осомничените за криминал на железничките станици.

Исто така, сообраќајната полиција во Женшен монтира 40 камери за надзор, под името „робокап“, со цел да ги идентификува ликовите на непристојните возачи и да го регулира сообраќајот. Во истиот град на пешачките премини минувачите веднаш добиваат известување за паричната казна која им следува штом ги прекршат правилата, а истовремено фотографии и имиња на луѓето кои преминуваат улица на црвено светло се прикажуваат на големи ЛЕД екрани.

Кина воведе метод на препознавање лица и во други јавни сфери – од надгледување на студентски домови до ограничување при користење тоалетна хартија во јавни тоалети, а противниците на таквиот систем сметаат дека Кина со овие методи целосно им ја укинува слободата на граѓаните. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.