x

Кина веќе почна да работи на 6G технологија

Категорија: Забава Објавено на 14 Ноември, 2019 од GSM.mk

Кина започна истражувања околу мобилниот интернет од шестата генерација, 6G. Имено, кинеското Министерство за наука и технологија синоќа соопшти дека е основана и работната група што ќе работи на новата технологија.

„Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6G технологијата“, се наведува на интернет-страницата на Министерството.

Периодов, инаку, Кина ја воведе 5G технологијата што овозможува 100 пати побрз проток на податоци од постојните 4G мрежи.

Кинеската компанија Huawei, која се смета за водечка во светот во поглед на 5G, исто така е вклучена во истражувањата околу 6G.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.