x

Кинескиот клон на Samsung Galaxy S9 покажува што може да очекуваме од вистинискот смартфон

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Декември, 2017 од GSM.mk

Постојано слушаме и гледаме шпекулации и концепти за изгледот на ненајавените Galaxy S9 и Galaxy S9+. Користејќи ги овие концепти, кинеска компанија претстави уред кој е копија на Galaxy S9

За разлика од едната камера и скенерот за отпечатоци кој се наоѓа веднаш под неа на Galaxy S9, клонот доаѓа со дуален систем камери, ист како оној со кој најверојатно ќе доаѓа Galaxy S9+. 

Смартфонот е направен од Vkworld и го носи името S9. Која случајност. Дефинитивно чини помалку од Galaxy S9, но доаѓа со поголема батерија, од 5000mAh. Истотака, ги копира тенките рамки на Galaxy S9 и 18:9 сооднос. Вклучува 5.9 инчен дисплеј, 2K резолуција и MediaTek Helio X30 под хаубата. Процесорот е придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. 

Vkworld S9 ќе биде претставен на пролет и неговата цена ќе биде 300 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.