x

Кога доаѓа Android 7.1?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 02 Декември, 2016 од GSM.mk

Во октомври, додека официјално го најавуваше Android 7.1, Google изјави дека новата верзија на оперативниот систем ќе биде достапна во декември. Сега го имаме и точниот датум на неговото излегување

Според Vodafone Australia, Google планира да го претстави Android 7.1.1 за Nexus 6P на 6 декември. Update-тот ќе зафаќа околу 650MB и ќе вклучува карактеристики на 7.1.1 Nougat. За другите уреди ќе биде достапен дури по две недели.


Доколку Nexus 6P го добие Android 7.1 на 6 декември, тогаш Nexus 5X, Nexus 6, Nexus 9, Nexus Player и Pixel C најверојатно ќе го добијат во исто време. Google Pixel и Pixel XL веќе работат на Android 7.1, но сепак ќе го добијат својот месечен update во декември.

Веќе постои Android 7.1 Developer Preview за Nexus 6P и Nexus 5X, доколку неможете да го чекате официјалниот update.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.