x

Кога доаѓа Windows 10 Mobile?

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 09 Октомври, 2015 од GSM.mk

По претставувањето на Lumia 950 и Lumia 950XL, Microsoft изјави дека уредите работат на Windows 10, а не на Windows 10 Mobile. Дали е ова намерна грешка?

Всушност, компанијата сака да разграничи дека Windows 10 е за сите уреди, без разлика дали е домашен компјутер, таблет или паметен телефон. Разликата е што сепак постои мобилна верзија, која сеуште официјално не е достапна на пазарот. Шпекулациите претходно велеа дека Windows 8.x уредите ќе добијат апдејт на Windows 10 во ноември, но по се изгледа датумот ќе биде одложен.

На една од официјалните страни на Microsoft беше оставен коментар од претставник на компанијата, кој изјави дека Windows 10 (мобилната верзија) ќе биде достапен за симнување на сите уреди почнувајќи од декември. Ова е долг период на чекање, особено што Windows 10 за desktop компјутер е достапен уште од крајот на јули.

Импресивна е листата на телефони кои ќе го добијат, почнувајќи од премиум, па се до буџет модели: Lumia 930, Lumia 830, Lumia 735, Lumia 640 XL, Lumia 640, Lumia 540, Lumia 535, Lumia 532, Lumia 435 и Lumia 430. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.