x

Кога вашиот телефон ќе добие Android Nougat?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Ноември, 2016 од GSM.mk

Новиот Android 7.0 Nougat update веќе почна да пристигнува на поголемиот број телефони. Ги има сите нови функции кои доаѓаат со update-тот: побрзи нотификации, native multitasking и подобрен doze mode

Првиот уред кој го доби update-тот не е Samsung, туку Moto, компанијата на Lenovo. Од 21 ноември Android 7.x Nougat е достапен за Moto Z и Moto Z Droid сериите. За постари телефони, како Moto X Pure, Moto G4, Droid Turbo 2, Droid Maxx 2 и други, Android 7.0 Nougat ќе биде достапен од 2017 година.

 Најголемиот производител на смартфони, Samsung, пушти бета верзија од Nougat за Galaxy S7 и S7 Edge, што може да ја добиете ако сте зачленети во бета програмата на компанијата, достапна во Америка, Англија и Јужна Кореја. 

Ривалот на Samsung, LG, веќе го доби update-тот. Новиот уред на компанијата, V20, доаѓа со Nougat, а update-тот го има и за LG G5, кој пристигна во исто време со Galaxy S7 и S7 Edge. За постарите телефони, како LG V10, LG G4, LG's K10, K7, сеуште не се знае дали ќе го добијат update-тот, но ако тоа се случи, најверојатно, ќе биде следната година. 

HTC 10, Xperia XZ и Xperia X Compact на Sony, како и Mate 9, Mate 8 и P9 на Huawei софтверот ќе го добијат од декември. Постарите верзии од телефоните на овие компании сеуште не се знае дали ќе го добијат update-тот, но, повторно, тоа ако се случи ќе биде следната година.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.