x

Кои HTC телефони ќе добијат Android 7.0?

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 26 Август, 2016 од GSM.mk

Со официјалното излегување на Android Nougat во јавноста, сите се прашуваат кога нивниот уред ќе ја добие најновата верзија. Еве го одговорот, барем за HTC сопствениците...

HTC официјално објави дека 3 телефони ќе ја добијат најновата верзија. Од нив, HTC 10 ќе добие Android 7.0 во октомври или ноември, а потоа се очекува апдејт на HTC One M9 (најдоцна до декември или јануари идната година) и HTC One A9. 

Компанијата потсети дека први кои ќе добијат апдејт се отклучените верзии на телефоните, поточно оние кои не се врзани за одреден оператор кој би требало да ја одобри надградбата. Засега, единствените уреди на пазарот со официјален Android 7.0 се Google Nexus 6P, Google Nexus 5X и Google Nexus 6.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.