x

Кои видеоигри се достапни за PS5?

Категорија: Забава Објавено на 21 Септември, 2020 од GSM.mk

Од Sony неодамна ги објавија деталите и цената за новиот PlayStation од последната генерација кој ќе чини 499 евра, а верзијата наречена Digital Edition ќе чини 399 евра.

Една од најпопуларните конзоли во светот од 12 ноември ќе биде достапна во САД, Јапонија, Мексико, Нов Зеланд, Австралија и Јужна Кореја. Во останатите земји продажбата почнува на 19 ноември.

Од Sony најавија нови цени за видеоигрите за конзолата  PS5 – ќе чинат 70 долари. Ова се однесува на сите AAA ексклузиви на коишто работат во студиото на Sony, a засега е потврдено дека треба да издвоите 70 долари за „Demon’s Souls Remake“, „Destruction All Stars“ и „Marvel’s Spider-Man: Miles Morales“.

Кои игри веќе се достапни за PS5:

1. „Demon’s Souls“
2. „Spider-Man: Miles Morales“


3. „Astro's Playroom“
4. „Destruction All Stars“
5. „Sackboy: A Big Adventure“
6. „Devil May Cry 5: Special Edition“

Најавени се уште неколку видеоигри, а тука спаѓаат:

„Harry Potter: Hogwarts Legacy“


„Final Fanstasy XVI“


Тизер за новата „God of War: Ragnarok“


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.