x

Кој е главниот виновник за брзото празнење на батеријата?

Категорија: Совети Објавено на 22 Јули, 2017 од GSM.mk

Дел од корисниците постојано се жалат дека батеријата на нивниот смартфон се празни премногу брзо, а голема е веројатноста дека причината за тоа е една од апликациите што редовно се користи.

Истражувањето на Tech World Zone покажа дека главниот виновник за брзото празнење на батеријата е Facebook апликацијата.Нивните тврдења ги потврдуваат и разни корисници на Reddit кои пред извесно време ја избришале Facebook апликацијата и сфатиле дека батеријата им трае подолго.

Facebook и останатите апликации што се во сопственост на оваа мрежа (WhatsApp и Instagram) лошо влијаат на батеријата бидејќи постојано работат во позадина додека смартфонот е вклучен.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.