x

Кој е најбараниот Apple производ?

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Април, 2017 од GSM.mk

Одговорот ќе ве изненади

Кога Apple прв пат го претстави iPhone-от, луѓето беа несигурни во неговата технологија. Всушност, компанијата се надеваше дека ќе продаде барем 10 милиони единици првата година. Како што поминуваше времето, луѓето се повеќе беа заинтересирани за уредот и неговата бараност се зголемуваше. Истиот случај беше и со iPod-от.

Доколку ја погледнеме историјата, Apple имал неколку хит производи, но некако и покрај големата бараност секогаш се снаоѓал да произведе доволно единици за кратко време. Во последните неколку години, обично биле потребни околку 3 месеци за Apple да врати некој од телефоните на пазарот по нивното претставување, а сега новите iPhone 7 и 7 Plus може да ги добиете веднаш, без чекање.

Но, на компанијата и беа потребни 4 месеци за повторно да произведе доволна количина од AirPods по нивното претставување. Всушност, доколку сега пробате да ги нарачате, освен што плаќате 160 долари за привилегијата, треба да чекате околу 6 недели пред да ги добиете. Шестнеделно чекање за производ што Apple го претставил пред 4 месеци е надвор од нормалата.

 Двете очигледни причини за чекањето се, или дека компанијата не очекувала толку голема бараност или проблеми при нивното производство. Што мислите вие?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.