x

Кој е најбрзиот веб-прелистувач за Android и Windows Phone?

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 24 Ноември, 2015 од GSM.mk

Како што веќе сите знаеме, Microsoft се откажа од Internet Explorer и го замени со новиот Edge веб-прелистувач во Windows 10 и Windows 10 Mobile. Сепак, покрај новото име, има и голем број на промени и подобрувања „под хаубата“...

Бидејќи веќе има голем број на тестови на трите најпопуларни веб-прелистувачи (Chrome, Firefox и Edge) кога станува збор за desktop компјутери, овој тест се однесува на паметните телефони. На тестирањето од страна на ReWritable учествуваат Lumia 640 со Windows 10 Technical Preview и Moto G LTE со Android 5.1 Овие телефони се одбрани бидејќи имаат идентични спецификации - Snapdragon 400 процесор, Adreno 305 графички процесор и HD резолуција од 1280 x 720 пиксели.

Секој тест беше пуштен 3 пати на телефоните и просечниот резултат беше земен како финален. Уредите беа приклучени во струја и скрин-сејверот беше изгасен. Кога станува збор за Google Octane, Microsoft Edge се најде на првото место со 2522 поени, Firefox беше втор со 2384 и на последното место е Chrome со 2284 поени.

Jetstream бенчмаркот прикажа поинакви резултати - Firefox е на првото место со 15,545 поени, Chrome е втор со 15,115 поени и Edge е трет со 14,919 поени. Резултатите прикажуваат дека, во пракса, корисниците би имале скоро идентично искуство на сите три веб-прелистувачи, што значи дека изборот на крај се сведува на личните преференци. 

Сепак, пофалба за Microsoft и екстремно подобрениот Edge!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.