x

Кој е подобар таблет - 7 инчен или 10 инчен?

Категорија: Рецензии // Таблети Објавено на 18 Декември, 2012 од Горан Николоски

За разлика од „смартфоните“, кај кои дијагоналата на дисплеите се неверојатни и не се во согласност со резолуциите, таблетот успеа да биде спакуван во две практични варијанти од 7 и 10 инчи

Се разбира, меѓу нив можеме да најдеме и некои нестандардни модели, но слично на ноутбуците и ултрабуците, поголемиот дел на пазарот доаѓаат во две категории.

И додека кај мобилните уреди најголемите од нив, имаат најдобар хардвер, кај таблетите од 7 и 10-инчени разликите се скоро идентични. Ова го прави изборот доста тежок, особено имајќи предвид дека повеќето корисници во моментов го купуваат својот прв таблет и немаат идеја што точно ќе прават со него. Наместо да ви помогнеме да ја изберете вистинската големина за вас, ќе се обидеме да ви ја насочиме мислата, така да сфатите какви активности ќе ги остварувате со својата нова „играчка“. 

Разликата меѓу iOS, Android и Windows 8

Целта на статијата не е да се споредуваат платформи на кои работат повеќето таблети на пазарот. Сепак, добро е да знаете како се поставени тие на различни резолуции и дијагонали.

iOS

iPad mini е на пазарот од неодамна и се радува на сериозна популарност. Како што сме навикнати на производите на Apple, не е оставено место за потенцијални проблеми при употребата на апликации од трети лица. iPad mini има резолуција како и на првите две генерации iPad(1024х768), благодарение на што програмерите не треба да прават ништо, за да работат апликациите со новиот уред.
Генерално iOS изгледа речиси исто на iPad и iPad miniи бидејќи Apple го произведе својот сопствен хардвер,шансите за погрешно уредување на компоненти и пикселизираната содржина, познато на Android, се сведуваат наминимум.

Android

Од неколку верзии наваму Google постепено го убива таблетниот интерфејс на Android, 

познат од Honeycomb. Matias Duarte и компанијата се стремат да ги усогласат UI и UX на платформата за сите дисплеи, почнувајќи со 7-инчните таблети. Nexus 10 кој користи Android 4.2, исто така го користи стандардниот интерфејс на Android.
Google им препорачува на програмерите да ги делат апликациите на одделни блокови кои се ставаат на различни начини, во зависност дали користите таблет или мобилен телефон. Се повеќе автори на софтвер се надоврзуваат кон овој совет, но навистина оптимизирани апликации за големи екрани за Android остануваат малку.

Windows 8

Таблети со Windows 8 сé уште се прилично мал производ, кој допрва треба да се докаже пред потрошувачите, со цел да одземат удел на пазарот од страна на Apple и Google.

Windows 8 го користи наследството на претходните верзии на оперативниот систем, благодарение на што може да се постави лесно на различни резолуции и дијагонали.
Апликациите за модерниот интерфејс на Windows не се многу, па ќе мора да се задоволите со старите добри програми за класичната верзија на платформата. Барем засега.



7-инчните Таблети се поудобни за:

- Искористеност на содржината. Читањето на книги и списанија е значително полесно со помал екран. Уредот е компактен и полесен, а помалите екран придонесуваат за пократки редови текст.


- Игри. Повеќето наслови кои бараат навигација со две раце, се значително поудобни на 7-инчен екран, бидејќи 10-инчните таблети почнуваат да отежнуваат по неколку минути интензивен гејминг. Достигнувањето на централните области на екранот, исто така не е лесно кога ги користите палците со контролните копчиња во долните два агли. Проблемот не се чувствува кога играте на маса, биро или друга површина, но не сите игри се погодни за ваков начин на играње.

- Водење на белешки. Сами помислувате дека тежината на 10-инчен таблет го прави тежок за пренесување. Друг проблем сепак е големината на тастатурата, која е исклучително удобна за пишување во легната положба, но премногу широка за да се стигне со палците, додека го држите уредот. 7-инчен таблет во комбинација со Evernote е одлична замена за мал бележник како класичниот Moleskine.


10-инчните Таблети се поудобни за:

- Приказ на филмови и видео. 10-инчните таблети се значително важни за таа целна група.

- Пишување на долг текст. Додека малите тастатури на 7- инчните модели се погодни за брзи белешки, 10- инчните таблети можат да бидат достојна замена на хардверска тастатура.

- Креирање на содржина. Таблетите сеуште се користат главно за консумација на содржини, но се повеќе мали и големи производители на креативен, финансиски, бизнис и медицински софтвер креираат софтвер за iPad (и помалку за Android). Обработка на слики, видео или музика бара 10-инчен таблет, и покрај тоа што е возможна и на 7-инчен таблет.


Заклучок

Можностите на 7-инчен и 10-инчен таблет се преклопуваат до огромна мера и без разлика која големина ја изберете, тешко дека ќе имате сериозни жалби.

Сепак според нас 7-инчен модел е универзален, особено ако планирате да го користите таблетот надвор од дома. Ако сепак барате забавен уред (или компјутер за на кауч), што ретко ќе го напушта домот, добро размислете и варијанти за 10-инчен таблет.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.