x

Кој го креираше најголемиот сајбер напад?

Категорија: Занимливости Објавено на 16 Мај, 2017 од GSM.mk

Едвард Сноуден се изјасни кој е одговорен за ransomware нападот, кој парализираше стотици илјади институции ширум Европа и други делови од светот.

На својот профил, Едвард Сноуден напиша дека Microsoft потврдил дека американската агенција NSA го развила пропустот кој доведе до најголемиот сајбер напад кој зафати 150 земји, 100.000 институции и преку 200.000 компјутери на корисници ширум светот.

Според објавата на блогот на Microsoft, NSA е одговорна за креирање на малициозниот софтвер, кој ја искористува ранливоста на Windows оперативниот систем и го парализира, заклучувајќи ги податоците на компјутерот и потоа бара откуп. NSA го креирала малициозниот софтвер, кој потоа бил украден годинава, за што NSA ја извести јавноста.

Microsoft уште на 14-ти март ги ажурираше своите заштити на Windows, но ранливоста може да биде искористена на оперативните системи чија поддршка е згасната и немаат нови верзии. Koрисниците на Windows 10, Windows 8, Windows 8.1 и Windows 7, доколку редовно правеле надградби на оперативниот систем и антивирусниот софтвер, имаат одбрана од овој напад, но останатите се во опасност од Wanna Cry нападот.

Без оглед на тоа дали користите некој од спомнатите оперативни системи или постар, вклучувајќи и Windows XP, време е да ги ажурирате оперативниот систем и антивирусот.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.