x

Која е разликата помеѓу опциите Delete и Offload на iOS?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 03 Јуни, 2018 од GSM.mk

Благодарение на новата функција на iOS 11, сега можете да го намалите оптоварувањето на оперативниот систем со тоа што ќе отстраните некоја од апликациите, без притоа да ги избришете до вашиот телефон.

Оперативниот систем обично сам ги отстранува апликациите за да ослободи што повеќе меморија. Меѓутоа, тие апликации можете повторно да ги инсталирате кога ќе посакате, без да се изгубат вашите податоци.

Со новата опција Offload, вие можете да го направите тоа и самите. Со оваа опција, ќе биде избришана само апликацијата, но вашите податоци и сето она што го имате зачувано во апликацијата ќе остане во вашиот телефон. Доколку сакате да пристапите до оваа опција, одете во Settings > General > iPhone Storage. Таму ќе можете да одберете помеѓу двете понудени опции, Delete и Offload.

Ако ја одберете опцијата Delete, тоа го има истиот ефект како да задржите подолго на иконата од апликацијата, па потоа да го притиснете малиот „Х“ кој ќе се појави во горниот агол. На тој начин ќе ја избришете апликацијата и сите податоци кои одат со неа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.