x

Која социјална мрежа е најлоша за психичкото здравје?

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Октомври, 2017 од GSM.mk

Истражувачите од Универзитетот во Питсбург извршиле испитување на корисниците на социјалните мрежи околу нивните навики и расположенија додека ги користат.

Истражувањето опфатило 1,787 луѓе од 19 до 32 години, а се однесувало на Facebook, Youtube, Twitter, Google Plus, Instagram, Snapchat, Tumblr, Pinterest, Vine и Linkedln.

Првите резултати кои истражувачите ги добиле се дека колку повеќе одредена млада личност користи социјални мрежи, толку повеќе е склона на депресија.

Се запрашувате како социјалните мрежи се поврзани со депресијата?

Покрај тоа што предизвикуваат чувство на љубомора, предизвикуваат и преоптовареност со животот на другите. На крај, тоа не води до заклучок дека сите живеат подобро од нас.

Истражувачите подоцна дошле и до резултати за тоа кои мрежи прават најмногу да се чувствуваме под стрес  и помалку вредно – на прво место се најде Инстаграм, а на последно Youtube, кој ни најмалку не влијаел на нечие здравје.

Експертите предупредуваат дека ваков ефект социјалните мрежи ќе имаат токму на оние поединци кои имаат склоност да бидат депресивни, најмногу поради ниското ниво на самодоверба која никогаш не ја изградиле. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.