x

Колку апликации има Windows Phone?

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 29 Септември, 2015 од GSM.mk

Ви текнува на времето (2008-ма, 2009-та година), кога Android и iOS се натпреваруваа во број на апликации кои се нудат на нивните платформи? Конечно, Windows се приклучува на трката...

Microsoft објави дека во моментот, постојат околу 669,000 апликации за сопствената платформа, така што најверојатно помина времето кога корисниците се жалеа дека нема доволно апликации за Windows Phone, а со тоа се одлучуваат да купат уред со друг оперативен систем. Сепак, постои еден мал „трик“...

Како што може да забележите на фотографијата, во овие апликации се вбројуваат и сите наменети за десктоп компјутери, така што бројката е реално помала. Сепак, според Microsoft, сите десктоп верзии наскоро ќе добијат универзална апликација, наменета и за таблети и за компјутери. 

Во споредба со iOS (1,5 милиони апликации) и Android (1,6 милиони апликации), и покрај напредокот, Windows Phone е сеуште далеку.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.