x

Колку често треба да се гасат компјутерите?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 30 Март, 2017 од GSM.mk

Многу луѓе ги оставаат компјутерите вклучени по цела ноќ, а некои од нив тоа го прават намерно, бидејќи сметаат дека постојаното вклучување и гасење може да предизвика проблеми.

„Зависи како го користите. Ако го користите повеќе пати во денот, подобро е да остане уклучен, но ако го користите само еден или два часа, тогаш може да го изгасите откако ќе завршите“ - одговара Стивен Лесли од Geek Squad Agent.

Ако „машината“ е постојано вклучена, стресот е помал од оној при постојаното вклучување и исклучување.

Од друга страна некои уреди имаат ограничен животен век, па ако LCD екранот е постојано вклучен може пократко да трае бидејќи е предвиден за неколку десетици илјади часови. Затоа е добро да се исклучува мониторот кога не се користи.

Истото важи и за батериите и за хард-дискот кои ќе траат подолго ако се гасат кога нема потреба да бидат вклучени.

Некои од причините зошто би го оставале компјутерот вклучен:

- Ако се користи како сервер или пак за remote пристап

- Ако прави надградби, скенира за вируси или прави други активности додека завршувате други обврски

- Не сакате да чекате системот да се подигне

Од друга страна ова се причините поради кои треба да се гаси:

- За да се заштеди на потрошувачката на струја

- Бидејќи не сакате да ве вознемируваат нотификации

- Бидејќи повременото гасење може да ги подобри перформансите

Ако го користите компјутерот повеќе часа дневно, пожелно е да го оставите вклучен. Сепак, може да инвестирате во UPS систем, кој ќе штити од варијациите во електричниот напон, а истовремено ако снема струја ќе ви овозможи да ги зачувате работните документи.

Исто така, компјутерот ќе трае подолго ако редовно го чистите од прашина, но и го надградувате неговиот софтвер.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.