x

Колку чини да се направи iPhone X од 1.000 долари?

Категорија: Занимливости Објавено на 22 Септември, 2017 од GSM.mk

Apple минатата недела го претстави најскапиот смартфон на пазарот досега, новиот iPhone X чија почетна цена е 1.000 долари, а сега е откриено и колку чини да се направи овој телефон.

Trusted Reviews тврди дека таа сума изнесува 412,75 американски долари. Најскапа компонента на овој смартфон е OLED екранот што Apple го чини 80 долари, а потоа е NAND меморијата на Toshiba што чини 45 долари и чиповите A11 што чинат 26 долари.

iPhone X во САД ќе може да се нарача од 27 октомври, а со испорака ќе се почне од 3 ноември. Моделот со 64 GB чини 1.000 долари (океј, ако ви е полесно за гледање, 999 долари), а моделот со 256 GB ќе чини 1.149 долари.

Колку дена треба да работи просечен Македонец за да го купи основниот модел на iPhone X по почетната цена од 1.000 долари, прочитајте ТУКА.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.