x

Колку е тешко да се откажете од социјалните мрежи?

Категорија: Совети Објавено на 04 Март, 2018 од GSM.mk

Од своето основање во 2005 година, Фејсбук постави светски феномен измислувајќи го терминот "социјални медиуми". Истотака, брендот е одговорен за револуција во начинот на кој комуницираме и сите го користиме - од деца до повеќе милијарди бизниси.

Имајќи таква улога во нашиот живот, не е чудно што се појавија загрижености за потенцијалната зависност која може да се појави од користењето на социјалните мрежи. Според новите истражувања, 59% од анкетираните корисници на социјалните мрежи велат дека можат да си го замислат животот без нив. Луѓето изјавиле дека во секое време може да ги напуштат социјалните мрежи без проблем. Демографските истражувања покажуваат дека луѓето на возарст над 55 години е најверојатно да живеат без социјални мрежи.

Од друга страна, 40% од истражуваните корисници велат дека нема шанси да се откажат од социјалните мрежи на никој начин. Сигурно не ве чуди што најголем дел од нив се на возраст од 18 до 24 години - 51% од нив. 

Ваквите податоци се доста загрижувачки, бидејќи процентот на луѓе кои велат дека неможат да се откажат од социјалните мрежи драстично се има зголемено од 24-те проценти во 2014 година. 

Ако и вие се наоѓате во оние кои се зависни од социјалните мрежи, еве неколку совети кои може да ви помогнат да се повлечете од вашето виртуелно его:

  1. Социјализирајте се во вистинскиот живот
  2. Размислете пред да постирате 
  3. Јавете се или комуницирајте во живо, наместо на Messenger и слични мрежи
  4. Воведете "викенд без социјални мрежи"
  5. Живејте го вашиот живот, наместо оној на вашите пријатели од социјалните мрежи

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.