x

Колку ќе чинат Pixel 4a и Pixel 5?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Мај, 2020 од GSM.mk

Буџетскиот следбеник на Pixel 3a и новата Pixel 5 серија ќе бидат претставни наскоро. Кои ќе бидат нивните цени?

Според новите информации, почетната цена на Pixel 5 ќе биде за 100 долари пониска од онаа на Pixel 4. Имено, почетната цена на Pixel 5 ќе биде 699 долари, а на Pixel 4a ќе биде 349 долари. Цената на Pixel 4a ќе биде за верзијата со 128GB меморија. Како за споредба, iPhone SE, кој се смета за буџетскиот модел на Apple, чини 399 долари со 64GB меморија.

Во однос на Pixel 5, уредот ќе доаѓа Snapdragon 768G, наместо Snapdragon 865. Ова е единствената карактеристика која е позната за него, бидејќи сеуште не се знае кога точно ќе биде претставен.

Pixel 4a го очекуваме на 3 јуни. Ќе има 5.8 инчен FHD+ дисплеј со селфи камера од 8 мегапиксели. На задниот дел ќе има само една камера од 12.2 мегапиксели, заедно со скенер за отпечатоци. Ќе работи на Snapdragon 730 со батерија од 3080 mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.