x

Колку ќе чини новиот, поевтин iPad на „Apple“?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 24 Март, 2017 од GSM.mk

Технолошкиот гигант „Apple“ вчера го претстави својот нов модел на iPad што е поевтин, а идејата е да се зголеми продажбата на уредот.

Новиот iPad има екран од 9,7 инчи, А9 чип и батерија што трае до 10 часа. Почетната цена е 329 долари, а нарачките може да почнат од 24 март.

Со пониската цена, овој модел е мал чекор назад во споредба со помалиот iPad Pro кој има иста големина.

Pro има камера од 12 мегапиксели, за разлика од новиот чија камера има 8 мегапиксели.

Цената на новиот iPad е пониска со цел да се зголеми интересот кај купувачите за овој уред.

Значително е поевтин од iPad Pro чија почетна цена е 599 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.