x

Колку ќе чини Pixel 4a и кога ќе биде претставен?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Мај, 2020 од GSM.mk

Pixel 4a оригинално требаше да биде најавен во мај, за време на Google I/O настанот. Но, поради моменталната ситуација настанот беше откажан. Затоа, компанијата мораше да ги промени своите планови..

Според новите информации, Pixel 4a ќе биде најавен два месеци подоцна од планирано, на 13 јули. Во моментот нема информации за тоа на кој начин и каков настан ќе биде најавен. Цената на уредот ќе биде околу 350 долари и ќе биде достапен за продажба три недели по најавувањето.

Ќе бидат претставени неколку варијанти, меѓу кои "Just Black" (црна) верзија ќе биде официјално достапна од 6 август. Google истотака работи на нов "Barely Blue" (син) модел, но за него чекањето ќе биде малку подолго. Поради моменталната состојба на пазарот, синиот Pixel 4a ќе почне да се продава од 1 октомври.

Leaked Google Pixel 4a CAD-based render - Here's when the Google Pixel 4a will reportedly be announced & released

Pixel 4a ќе нуди 5.8 инчен OLED дисплеј, 12 мегапикселна камера на задниот дел и 8 мегапикселна селфи камера.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.