x

Колку новиот Android P го имитира iPhone?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Март, 2018 од GSM.mk

За жал, вашиот нов Android телефон е веќе застарен. Google ја промовираше новата верзија на оперативниот систем, наречена Android P, која нуди неколку нови опции, но и визуелни подобрувања за вашиот телефон.

Токму така, го мислиме истото. Логото на новиот Android P е буквално логото на слушалките Beats, само свртено наопаку.

Android P им нуди опција на сите iPhone имитатори да го имаат популарниот notch на горниот дел од екранот, исто како на iPhone 8. Тоа е вградено во самиот оперативен систем, но ќе треба да ја вклучите опцијата ако сакате да се појави на екранот. Едноставно е, одите во „Developer Options“, вклучете ја оваа опција и одберете една од големиот број опции во подменито „Drawing“ кои ќе го модифицираат вашиот Android телефон да изгледа онака како што вие сакате. Најдете ја опцијата „Simulate a display with a cutout“ и активирајте ја.

Помеѓу останатите новости во Android P е новиот опција за штедење на батерија, која ги ограничува апликациите во вашиот телефон да не ја користат камерата, микрофонот и останатите сензори кога батеријата е скоро празна. Визуелните подобрувања на оперативниот систем се во заоблувањето на дел од менијата, кои би требало да донесат подобар изглед на самиот Android.


Засега Android P е достапен само за моделите на Google, Pixel и Pixel 2, но девелоперите предупредуваат дека оперативниот систем сѐ уште е во бета-верзија и не е доволно стабилен за да се користи на главниот телефон кој го користите секојдневно. Доколку навистина ве интересира и поседувате Pixel смартфон, можете да ја погледнете целата листа на апдејти тука, а инструкциите за инсталирање можете да ги најдете тука.

За сите останати уреди со Android OS, нема излезено официјална верзија на новиот Android P, но кога системот ќе биде комплетно готов, ќе пристигне нотификација дека можете да го симнете и инсталирате.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.