x

Колку се издржливи батериите на Samsung Galaxy S9 и S9 Plus?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Март, 2018 од GSM.mk

Од сите функции на Galaxy S9, посебно внимание сакавме да обрнеме на издржливоста на неговата батерија - Дали е подобра од онаа на S8 и Note 8 и како се споредува со другите смартфони претставени во 2018 година досега?

Како што може да видите, всушност постои намалување во резултатот на батеријата на S9 спрема оној на S8. Тоа е најверојатно поради помоќниот процесор со кој доаѓа S9 и бара поголема моќ и капацитет. Galaxy S9 доаѓа со батерија од 3000mAh, исто како S8, a S9 Plus има батерија од 3500mAh, ист капацитет со S8 Plus. 

Издржливост на батеријата 

*повеќе е подобро

Samsung Galaxy S9 7h 23 min (Добро)

Samsung Galaxy S8 8h 22 min (Одлично)

Samsung Galaxy S9+ 7h 8 min (Добро)

Samsung Galaxy S8+ 8h (Одлично)

Samsung Galaxy Note 8 7h 50 min (Добро)

Apple iPhone X 8h 41 min (Одлично)

Apple iPhone 8 Plus 10h 35 min (Одлично)

Apple iPhone 8 8h 37 min (Одлично)

LG V30 9h 34 min (Одлично)

Google Pixel 2 8h 40 min (Одлично)

Google Pixel 2 XL 8h 57 min (Одлично)

OnePlus 5T 8h 51 min (Одлично)

Huawei Mate 10 Pro 12h 5 min (Одлично)


Една важна компонента со која доаѓаат S9 и S9 Plus e Fast Adaptive Charge на Samsung и доаѓаат со брз полнач во кутијата. Минатогодишните модели го имаа истото полнење. И на S9 и на S8 серијата им беше потребно 1 час и 40 минути да се наполнат од 0 до 100%.

Време потребно за полнење

*помалку е подобро

Samsung Galaxy S9 107 min

Samsung Galaxy S8 100 min

Samsung Galaxy S9+ 105 min

Samsung Galaxy S8+ 99 min

Samsung Galaxy Note 8 102 min

Apple iPhone X 189 min

Apple iPhone 8 Plus 178 min

Apple iPhone 8 148 min

LG V30 108 min

Google Pixel 2 111 min

Google Pixel 2 XL 152 min

OnePlus 5T 93 min

Huawei Mate 10 Pro 102 min


Истотака, и S8 и S9 серијата доаѓаат со безжично полнење. Полначите за безжично полнење не доаѓаат во кутијата, така што мора да ги купите посебно. 

S9 on Samsung's wireless charging dock

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.