x

Колку се подобрила батеријата кај паметните телефони?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 23 Јуни, 2016 од GSM.mk

Како што напредува технологијата, добиваме помоќни процесори, екрани и камери, но батеријата кај телефоните секогаш е константна - најчесто трае еден ден, доколку имате среќа...

Дечките од PhoneArena направија интересно истражување, почнувајќи од 2013-та година, па се до денес. Споредени се неколку телефони - iPhone, Xperia Z уреди, Galaxy S уреди, Galaxy Note, LG G линијата, HTC One и Moto X телефоните.

Како што може да забележите, кај одредени производители има константен напредок, на пример iPhone, додека пак кај останатите имаме екстремно брз напредок, а потоа одреден пад на издржливоста на батеријата - на пример Xperia Z телефоните.

Сумирајќи ги податоците, може да видиме дека најголем скок има во 2013-та и почетокот на 2014-та година, додека во останатиот период имаме подеми и падови. Сепак, од друга страна, барем времето на полнење на батеријата е драстично намалено со quick charge полначите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.