x

Колку телефони и таблети инсталираа iOS 10?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 26 Септември, 2016 од GSM.mk

Во текот на септември, Apple го направи достапен iOS 10, најновата верзија на мобилниот оперативен систем наменет за iPhone, iPad и iPod Touch. Да погледнеме неколку статистики...

На почетокот на месецот, Apple се пофали дека 9 од 10 уреди кои се компатабилни со iOS 9, веќе ја имаат инсталирано оваа верзија. Во споредба со Android и Google, ова е драстичен контраст, каде што само 15% се наоѓаат на Android Marshmallow, а веќе во јавноста е достапен и Android 7.0, поточно Android Nougat.

Кога станува збор за iOS 10, во првата недела го имаат инсталирано околу 33% од сите сопственици на компатабилни уреди, а секој ден оваа бројка продолжува да расте. Сепак, по се изгледа нема да се скрши рекордот на iOS 9, кој беше инсталиран во над 66% од уредите во првите две недели од излегување.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.