x

Колку уреди работат на iOS 10?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 13 Октомври, 2016 од GSM.mk

Apple официјално изјави дека дури 54% од нивните уреди работат на iOS 10 оперативен систем. Бројките се базирани на сите Apple уреди, вклучувајќи ги iPhone, iPad и iPod.

Иако 54% е одлична бројка, изгледа дека најновиот оперативен систем не ги освојува срцата на своите корисници толку брзо како неговиот претходник. Само четири дена по појавата на iOS 9, веќе половина од iOS корисниците го имале симнато.

Продолжувајќи ја традицијата, iOS 10 носи неколку подобрувања, иако критичарите сметаат дека никој од нив не се доволно големи. На некој начин, една од најголемите промени е тоа што Siri и iMessage се достапни за модифицирање. Исто така, достапно беше подобрување на основните апликации како што се Apple Music, News, Maps, Messages, Siri и Photos. 

Интересно е тоа што овој процент е значително помал од оној на пазарните истражувања. Mixpanel и AppLovin тврдеа дека iOS 10 достигнал 55% до крајот на септември. Пред неколку дена, Mixpanel изјави дека сега стапката на оперативниот систем изнесува околу 67.5%. Очигледно е дека овие бројки не се совпаѓаат.

Го истакнуваме ова несовпаѓање помеѓу официјалните и проценуваните бројки, бидејќи секогаш треба да се прави разлика помеѓу официјалните бројки и оние проценети од страна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.