x

Колорадо: Samsung Galaxy S9 ќе се користи во борба против криминалот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Јули, 2019 од GSM.mk

Веќе одамна, смартфоните служат за многу поголеми и поважни задачи, отколку само како уреди преку кои можеме да комуницираме..

Сега, смартфоните се приклучуваат и во борба против криминалот. На почетокот од неделата, Samsung најави дека Galaxy S9 ќе биде дел од опремата која ја носта полициската сила во Колорадо. Телефонот ќе служи како нов начин на комуникација од теренот до полициската станица. Покрај тоа, S9 ќе биде користен како камера и за евидентирање докази. Дигиталните камери на уредот, заедно со лесниот начин на комуникација ќе бидат од голема помош за нив. 

Истовремено, Visual Labs софтверот на Galaxy S9 ќе дозволи постојано позадинско снимање во живо, а тоа нема да попречи уредот истовремено да се користи и за друга намена. Благодарение на IP-68 сертификацијата, уредот нема да има проблем да биде користен при секакви услови. Истотака, може да работи и до 1.5 метри под вода. Последно, батеријата од 3,000 mAh ќе дозволи S9 да издржи цела смена без полнење. Ќе работи и на Snapdragon 845, заедно со Android 9 Pie.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.