x

Концепт за нов принтер: Солариум за хартија

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 27 Мај, 2017 од GSM.mk

Во време на фантастични 3Д принтери и пенкала за 3Д цртање многу малку нешта можат да нѐ изненадат. Го поздравуваме овој концепт за принтер кој не користи кертриџи и никаков друг вид на полнежи туку сончева енергија.

Идејата е фантастична. Наместо печатење на хартијата, хартијата ќе биде потемнета со помош на сончева енергија и ова ќе биде последниот печатач кој сте го купиле.

Бидејќи 70 проценти од документите кои ги печатиме се црно-бели, овој принтер драстично ќе го намали користењето на мастило, а со тоа и ќе ја чува природата. Совршен концепт кој со нетрпение се очекува.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.