x

Конкурентот на TikTok за два месеца има 100 милиони корисници

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 11 Февруари, 2021 од GSM.mk

Компанијата Snap објави дека нивниот конкурент на TikTok, Spotlight, веќе има 100 милиони корисници во јануари, 2021 година, по само два месеца постоење.

TikTok и понатаму има голема предност во однос на Spotlight. Snap вложи прилично многу пари за да ја започне Spotlight услугата, па така компанијата вети дека ќе даде милион долари дневно на креаторите на содржини, со цел да привлече луѓе кои ќе поставуваат автентична содржина.

Изгледа дека оваа тактика има успех, бидејќи на платформата дневно се објавуваат 175.000 видеа.

Snap сега има повеќе од 265 милиони дневни корисници, што е зголемување од 16 милиони корисници во однос на 249 милиони корисници во изминатото тримесечје, пренесе PC Press.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.