x

Контролен панел за Вашиот Android уред

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 14 Ноември, 2012 од Бошко Лазаровски

Ќе се запознаеме со еден Контролен Панел за Вашиот Андроид телефон. Оваа апликација Ви овозможува полесна контрола на Вашиот телефон или таблет. Има можости за контрола на Bluetooth, WiFi, контрола на гласот и други

Android Control Panel, работи на Android 2.2 верзија или повисока што значи дека треба да работи повеќето таблети/ телефони кои се користат.
Се работи за мала апликација, која тежи само 491KB.

Со стартувањето на апликацијата, автоматски ве пренесува во подесувањата за звук. Тука можете да си изберете музика за ѕвонење, нотификација, аларм, да ја намалите зголемите јачината на звукот и сл.



Делот за мрежа ( Network ) има можности за контрола на: WiFi, Bluetooth, GPS, APN- а и некои други работи.


Display/ Others, односно делот за екранот, им овозможува на корисниците да ја контролираат јачината на светлото, време и датум, апликациите, искористеност на батеријата и повеќе.


До повеќето од овие можности може да се пристапи преку Settings опцијата на Android, но оваа апликација овозможува повеќе информации.

Во последниот, About дел може да изберете некои од понудените теми.


Како што можете да забележите, во бесплатната верзија има реклами доколку сте уклучени на интернет.
Ние, за тестирање ја користевме верзијата 1.02.


Лиценца: Бесплатна

Линк за превземање 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.