x

Корисниците на iPhone изложени на непотребен ризик

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Септември, 2017 од GSM.mk

Од необична причина Bluetooth и Wi-Fi остануваат вклучени во позадина дури и кога ќе ги исклучиме преку контролниот центар.

Новиот iOS 11 пристигна и донесе нов проблем.

Имено, по пат на новиот панел со брзи подесувања, Control Center, не е возможно исклучувањето на Bluetooth и Wi-Fi во потполност, па овие функции остануваат вклучени во позадина, иако тоа ја троши батеријата и ги изложува корисниците на безбедносен да бидат злоупотребени, посебно Bluetooth.

Кога по пат на Control Center ќе ги исклучите овие две опции, всушност само ја прекинувате конекцијата со активните уреди, но не ги исклучувате трајно.

Според објаснувањето од Apple, ова се случува со цел уредите на Apple со екосистеми да останат поврзани, како часовникот, AirDrop опциите и AirPods слушалките.

Доколку некој корисник сака трајно да ги исклучи овие две опции ќе мора да влезе во посебното мени за секоја од нив и тоа да го направи рачно. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.