x

Корисниците низ светот имаат проблеми со Facebook, Instagram и WhatsApp

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Април, 2019 од GSM.mk

Facebook, Instagram и WhatsApp се недостапни за корисниците низ светот.

Facebook и Instagram се недостапни, вестите не се појавуваат, а главната страница на Facebook.com е недостапна.

На WhatsApp не може да се испраќаат пораки ниту да се примаат, а корисниците на социјалните мрежи своите проблеми и негодувања ги искажуваат на Twitter.

Проблемите со Facebook доаѓаат точно по еден месец, кога социјалните мрежи со часови беа недостапни. Од Facebook тогаш рекоа дека пречка била промена во конфигурацијата на серверот и се извинија за истата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.