x

Крај за Paint: Познатата програма за цртање заминува во историјата

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 29 Јули, 2017 од GSM.mk

Не е официјално потврдено кога Microsoft Paint ќе биде укинат, но во следното ажурирање на Windows 10 ќе се најдат многу нови опции и промени, а укинувањето на програмата за цртање е меѓу нив.

Новата надградба Autumn ќе воведе нови опции и промени, а по 32 години користење и редизајнирање, Microsoft ќе ја укине програма Paint.

Многумина ја користеа алатката за графичко дизајнирање и за цртање. Paint не е најдобра опција за изработка и обработка на слики, но на сите им служи за брзо сечење на слики и за screenshot. По 32 години постои можност прогамата да биде укината, но и да се појави слична со ново име.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.