x

Кратенки на тастатурата кои ќе ви го направат животот полесен

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 27 Октомври, 2018 од GSM.mk

Не мора да бидете информатички експерт за да претворите една цела серија од кликови на маусот во кратка комбинација од две-три копчиња на тастатурата за да извршите некаква функција на вашиот компјутер.

Многумина од вас веќе ги знаат кратенките на Windows како „Ctrl + C“ за копирање, но ако сакате да работите многу побрзо и попродуктивно потребно е да научите околу десетина кратенки кои ќе ви бидат корисни во секојдневното седнување пред компјутер. Кратенките кои ќе ги прочитате подолу се добредојдено знаење ако работите професија која од вас бара да сте 8 часа дневно пред компјутер.

Redo

За Windows: Откако ќе ја употребите кратенката „Ctrl + Z“ за да го избришете претходниот потег, можете да ја употребите комбинацијата „Ctrl + Y“ за да го вратите потегот на првичното место.

За Mac: „Command + Shift + Z“

Скриншот на активниот прозорец

За Windows: Копчето Print Screen (PrtSc) прави скриншот на целиот екран, но доколку сакате да направите скриншот само на активниот прозорец, употребете ја кратенката „Alt + Print Screen“.

За Mac: „Command + Shift + 4“ и потоа го притискате копчето Space. Откако ќе се појави скриншот менито, одберете кој на кој прозорец сакате да му направите скриншот.

Snipping Tool

Само за Windows 10: За да пресечете дел од активниот екран притиснете ја комбинацијата „Windows logo key + Shift + S“ и потоа со маусот одберете кој дел сакате да биде пресечен.

За Mac: „Command + Shift + 4“ и потоа со маусот одберете кој дел од екранот сакате да го пресечете.

Креирање нов фолдер

За Windows: Наместо да го правите тоа преку маус, можете да ја употребите комбинацијата „Ctrl + Shift + N“.

За Mac: „Shift + Command + N“.

Минимизирање на сите прозорци

За Windows: Ако ви пречат сите прозорци а не ви се троши време за минимизирање преку маус, комбинацијата „Windows logo key + M“ ќе ви помогне околу тоа.

За Mac: „Option + Command + M“

Нов прозорец на Chrome во Incognito mode

За Windows: Ако често го користите Chrome во Incognito Mode, добро е да знаете дека комбинацијата „Ctrl + Shift + N“ отвара нов прозорец во Incognito Mode.

За Mac: „Command + Shift + N“

Бонус совет: Како да пишувате побрзо на тастатура

Користењето на точниот метод на пишување на тастатура не само што ќе ве направи побрзи и попродуктивни, туку и ќе ја развие вашата мускулна меморија. За почеток, потребно е да знаете кои се почетни позиции за вашите прсти на тастатурата. За левата рака тоа се копчињата A, S, D, F (малиот прст на копчето А), а за десната рака L, K, J, ; (малиот прст на копчето ;).

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.