x

Креирајте анкети со новата опција на Facebook

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 07 Ноември, 2017 од GSM.mk

Социјалната мрежа Facebook воведува нова опција за своите корисници со која ќе им овозможи тие да креираат анкети, слични на оние кои веќе постојат на Instagram.

Facebook воведе нова опција со која им овозможува на корисниците да креираат анкета со две прашања, на која нивните пријатели можат да одговараат преку нивниот News Feed.

Новата опција е достапна на мобилната и десктоп верзијата на Facebook, а освен поставувањето на најмногу две прашања, може да се аплоудира и слики или GIF, заедно со секој одговор.

Она што вреди да се напомене е дека анкетите не се анонимни, односно личноста која ја креирала анкетата, како и сите оние кои гласале, можат да го видат вашиот одговор.

Facebook и претходно експериментираше со анкетите, но немаше начин да ги направи стандарден дел од News Feed-от на сите корисници, сѐ досега, кога ја откупи софтверската верзија на анкетата tbh, која е многу популарна кај тинејџерите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.