x

Криминалците ja користат COVID 19 пандемијата за компјутерски напади на поголемите жртви

Категорија: Забава Објавено на 21 Август, 2020 од GSM.mk

Интернет криминалците ја користат пандемијата на коронавирусот за да ги префрлат целите за компјутерски напади од поединци и мали бизниси кон големи корпорации, влади и критична инфраструктура, соопшти Интерпол.

Меѓународното тело соопшти дека неколку земји пријавиле малициозен софтвер, напади врз влади и болничка и медицинска инфраструктура, што веќе биле во неволја поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Полициските истраги покажуваат дека повеќето напаѓачи точно ја проценуваат максималната сума што може да ја побараат од нападнатите компании и организации, нагласуваат од Интерпол.

– Сајберкриминалците развиваат и ги интензивираат нападите со алармантна стапка, искористувајќи го стравот и несигурноста предизвикани од социјалната и економската состојба поради COVID-19, предупреди генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.

Организацијата соопшти дека натамошно зголемување на стапката на компјутерски криминал е „многу веројатно во блиска иднина“, особено поради ранливоста предизвикана од работа од дома.

Неточни информации за COVID-19 се исто така причина за „зголемена загриженост“ во повеќе од 20 проценти од државите што одговориле на истражувањето за компјутерски криминал, додава Интерпол.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.