x

Кристијано Роналдо на врвот: Селена Гомез не е повеќе најследена личност на Instagram!

Категорија: Забава Објавено на 09 Ноември, 2018 од GSM.mk

Селена Гомез самошто ја изгуби титулата за која всушност никогаш и не беше заинтересирана..

Пејачката премина од прво на второ место како најследена личност на Instagram. Сега, титулата припаѓа на Кристијано Роналдо со 144,5 милиони следбеници. Веќе подолго време фудбалерот се наоѓаше на второт место, веднаш позади Гомез. Во просек, неговите фотографии добиваат по 5 милиони лајкови. 

Промената на позициите настана откако пејачката изјави дека и е потребен одмор од социјалните мрежи и во моментов е на третман за нејзиното ментално здравје. На Instagram нема објавено до 23 септември, додека Роналдо постира речиси секој ден. 

Пејачката веќе неколку пати има зборувано за својата "врска" со Instagram и зашто не ја користи често апликацијата. За списанието "ELLE" таа изјави дека нема користено интерен неколку месеци. Дури, не ја знае ни лозинката на својот профил. Гомез продолжи "На социјалните мрежи не се чувствувам како да сум вистинската јас". Токму поради тоа, често се случува да "земе одмор" од социјалните мрежи. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.