x

Култните ликови од видео игрите, тогаш и сега

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 24 Ноември, 2016 од GSM.mk

Многу ликови од култни видео игри еволуираат со развојот на технологијата и со текот на времето. На многумина, овие ликови им биле виртуелни пријатели во детството. Па како изгледале овие ликови тогаш, а како сега?

Оваа споредба покажува како омилените ликови од популарните видео игрите се смениле низ годините.

Тогаш: Водоводџијата Супер Марио за првпат се појави во 1981-та, во аркадната игра Donkey Kong.

Сега: Марио сè уште е популарен по повеќе од 200 игри и денес изгледа вака.

 Тогаш: The Legend of Zelda излезе на пазарот во 1986-та и го претстави Линк, уште еден Nintendo карактер со принцеза за спасување.

Сега: 15 игри и 68 милиони копии подоцна, Линк е сè уште тука и изгледа како да добил на висина.

Тогаш: За прв пат се запознавме со Самус Аран во 1986-та во играта Metroid

Сега: Самус опстои сиве овие години и остана еден од најдобрите женски ликови на гејминг индустријата.

Тогаш: Соник се појави на гејминг сцената во 1991-та и веднаш стана миленик на многумина.

Сега: Во најновата видео игра, Соник изгледа вака.

 

Тогаш: Metal Gear ни го претстави најиконскиот воен херој Снејк.

Сега: Снејк сè уште владее во универзумот на Metal Gear, иако времето малку го има остарено.

Тогаш: Лара Крофт беше миленичката на многумина на Playstation и PC сцената, кога се појави во 1996-та.

Сега: Изгледот на Лара беше менуван бројни пати, а најновата реинкарнација е најдобрата досега. Не е само авантурист, туку и преживувач.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.