x

Легендарниот флипер сe попопуларен во светот

Категорија: Занимливости Објавено на 27 Декември, 2017 од GSM.mk

Некогаш многу популарното играње на флипер, денеска повторно е во мода, бидејќи претходните десетина години дојде до пораст на бројот на играчи и натпреварувања ширум светот.

Во светот во 2006 година имаше 500 играчи и 50 флипер натпреварувања, додека во 2017 година се регистрирани повеќе од 55.000 играчи и речиси 4.500 натпреварувања, соопштува меѓународното здружение за флипер.

Флипер се појави во 1871 година, но можноста за играње била намалена меѓу 40-тите и 70-тите години од минатиот век, бидејќи некои американски градови го забраниле, сметајќи го за некој вид на коцка, пишува во книгата „Флипер“ на Роџер Шарп.

Шарп е познат во светот на флиперите по тоа што ги убедил властите во градот Њујорк, дека во флиперот поголема улога има вештината на играчот отколку факторот на среќа.

Поради тоа во 1976 година Њујорк ја укина забраната за играње на флипер и започна процес на укинување на слични забрани и во други места, а популарноста на таа игра од тогаш растеше и опаѓаше.

Неговиот син, Зек Шарп, портпарол на компанијата „Stern Pinball“, водечки светски произведвач на флипер апарати, истакна дека приходот на оваа фирма забележал скок во последните неколку години.

Приходот на оваа компанија оваа година пораснал дури за 30 отсто, во однос на претходната, додека во 2016 пораснал за 40 отсто во однос на 2015 година.

Зек Шарп смета дека за новиот пораст на интересирање за флипер влијаеле апликациите на паметните мобилни телефони, преку кои ентузијастите дознаваат за локациите на флипер апаратите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.