x

Leica претстави фотоапарат за хипстери!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 21 Септември, 2016 од GSM.mk

Ерата на инстант фотоапаратите е дел од минатото, особено ако се прашуваат денешните сопственици на паметни телефони. Но, се уште постојат неколку брендови кои ја одржуваат во живот оваа интересна гранка од фотографијата...

Овој апарат за инстант фотографии е привлечен со ретро дизајнот, интересните бои и квалитетната изработка.

Интегрираната Hektor оптика може да фокусира во Macro мод, Close мод и Far Range модот за објекти кои се подалеку од три метри. Брзината на затворачот се движи од 1/8 до 1/400 секунди.

Постои и автоматски мод на фотографирање, како и неколку други предефинирани модови, кои вклучуваат и двојна експозиција, како и селфи мод. Задната страна нема голем LCD екран во боја, туку класичен LCD кој ги прикажува избраните модови и сличните функции.

Со едно полнење камерата може да направи до 100 фотографии, а Sofort користи Instax Mini филм, но Leica ќе продава и сопствени филмови. 

Хипстерскиот карактер и брендот Leica трба да привлечат многу внимание, а цената во САД би требало да се движи околу 300 долари. Продажбата би требало да стартува во текот на ноември.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.