x

Lenovo Legion 2 Pro: Моќниот гејмерски телефон со уникатен дизајн!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Април, 2021 од GSM.mk

Гејмери! Подготвени за Lenovo Legion 2 Pro?

Новиот гејмерски уред на Lenovo се очекува да биде најавен на 8 април. Еве се што знаеме за него: 

Најпрво, она што привлекува внимание кај овој уред е дефинитивно неговиот уникатен и моќен дизајн. Иако не е точно познато од што е изграден, мора да признаеме дека дефинитивно изгледа премиум. Од друга страна, знаеме дека на предниот дел ќе има голем, 6.9 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2460 пиксели. Скенерот за отпечатоци е под екранот. 

За неговите моќни перформанси, под хаубата се наоѓа Snapdragon 888 5G, придружен од најмалку 12GB RAM и 128GB меморија. Има и две камери на задниот дел од 64 и 16 мегапиксели со селфи камера од 44 мегапиксели. Батеријата ќе биде од 5500 mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.