x

Lenovo претстави два евтини таблети: Tab 7 и Tab 7 Essential

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 21 Ноември, 2017 од GSM.mk

Lenovo претстави два нови Android таблети по одлични цени, Tab 7 и Tab 7 Essential..

Новите таблети на компанијата имаат цена дури и пониска од 100 долари. Lenovo Tab 7 и Tab 7 Essential се достапни за само 99 и 79 долари. 

Поскапиот од двата, Lenovo Tab 7 доаѓа со 7 инчен дисплеј и резолуција од 1280 x 720  пиксели. Задната камера е од само 2 мегапиксели, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. Доаѓа со MediaTek MT8161, 1GB RAM и 16GB меморија.

Lenovo Tab 7 Essential

Од друга страна, Lenovo Tab 7 Essential доаѓа со дисплеј со иста големина, но со помала резолуција од 1024 x 600 пиксели. Во внатрешноста, се наоѓа MediaTek MT8167D, 1GB RAM и 16GB меморија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.