x

Lenovo со свој телефон: ривал на Galaxy S4 и iPhone 5

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Март, 2013 од GSM.mk

Lenovo засега е познат кај нас како производител на квалитетни лап-топ уреди. Кинеската компанија сака ова мислење да се прошири и кон мобилните телефони

Моделот Lenovo S920 официјално се појави на кинеската веб-страна на компанијата, иако засега сеуште не можете да го купите.

Телефонот ќе биде опремен со 5.3 инчен HD екран (резолуција од 1280 x 720 пиксели), 8 мегапикселна задна камера и 2 мегапикселна предна камера. Понатаму, уредот ќе поседува и quad-core процесор, 1 GB RAM и слот за MicroSD картица. Засега нема информации за тоа колкав ќе биде вградениот простор за складирање на податоци или цената на телефонот.

Она што е потврдено е дека телефонот ќе има дебелина од само 7.9 милиметри. Според шпекулациите, Lenovo S920 ќе биде достапен во Кина на почетокот на идниот месец.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.