x

Lenovo сподели ново видео од Motorola RAZR!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Мај, 2019 од GSM.mk

По Samsung Galaxy Fold, оваа година очекуваме уште неколку нови смартфони на преклопување, се надеваме поуспешни. Меѓу нив е и легендарниот Motorola RAZR..

Обновувајќи го легендарниот RAZR, Lenovo сподели ново видео од 30 секунди од изгледот и модерниот дизајн на уредот. Станува збор за смартфон на преклопување, исто како и оригиналниот RAZR. Овој пат, станува збор за голем дисплеј кој ја зафаќа цела внатрешна страна и е истотака на преклопување, како Galaxy Fold. 


Кога сме кај дисплејот, станува збор за 6.2 инчен OLED панел со резолуција од 876 x 2142 пиксели и 22:9 тело-дисплеј сооднос кој го прави малку повисок и потенок од сегашните уреди. Додека Galaxy Fold и Mate X доаѓаат со Snapdragon 855 и Kirin 980 во внатрешноста, Motorola се обидува да понуди пониска цена со RAZR и уредот ќе работи на Snapdragon 710, заедно со 64GB или 128GB меморија и 4GB/6GB RAM. Батеријата ќе биде со капацитет од 2730mAh. 

Illustration from Motorola patent filing

RAZR (2019) нема да биде вистински RAZR уред ако нема дисплеј и на надворешната страна. Неговата големина не е позната, но ќе има резолуција од 600 x 800 пиксели и 4:3 тело-дисплеј сооднос. Како и повеќето уникатни смартфони во денешно време, Motorola RAZR (2019) ќе има и прилично висока цена. Сега за сега се зборува дека ќе чини околу 2,000 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.