x

LG G6 доаѓа на 10 март!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јануари, 2017 од GSM.mk

Mobile World Expo е најголемиот настан во светот на технологијата, а оваа година доаѓа на 27-ми февруари. На настанот, најголемите компании во индустријата, како Samsung, LG и HTC ги најавуваат своите најголеми производи, а оваа година не е исклучок..

Новиот уред на LG доаѓа со 5.7 инчен LCD дисплеј и QHD+  (1440 x 2880) резолуција. Екранот истотака ќе доаѓа со речиси невидливи рамки, подобрен квалитет и подобрени функции. Телефонот ќе има нов, револуционерен дизајн и ќе користи до 30% помалку од батеријата.

Се очекува компанијата да го најави уредот на 26-ти февруари, а да биде претставен на 10 март. Иако Samsung би требало да го најави Galaxy S8 во исто време, уредот ќе биде претставен малку подоцна.

Претходната година, G5 беше претставен на 31-ви март, а Galaxy S7 и S7 edge се појавија на 11 март. Оваа година, LG не сака да "доцни" со претставувањето и затоа LG G6 ќе се појави три недели порано од G5. Ако S8, поради Note 7 фијаксото, биде претставен во средина на април, LG ќе има доволно време да ги придобие и навлече корисниците кон својот нов производ. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.