x

LG G6: Добитна комбинација на хардвер и софтвер!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 01 Август, 2017 од GSM.mk

LG G6 е големо подобрување од неговиот претходник. Колку и да изгледаше G5 добро на почетокот, смартфонот разочара голем број од фановите. Овој пат, компанијата се потруди да создаде уред со премиум дизајн и одлични перформани.. Дали успеа во тоа?

Најпрво, сите заинтересирани може да го најдат LG G6 во Ledikom.mk по одлична цена од 29490 денари. 

Дизајн

LG G6 дефинитивно има премиум изглед. Вклучува стаклен дизајн и алуминиумско тело. Вниманието кон детали и квалитетот на изградбата се врвни. Слично како најновите смартфони на Samsung, G6 доби водоотпорност и отпорност на прашина, без да ја загрози естетиката на дизајнот. Има многу тенки рамки, кои го прават повисок и попрактичен од очекувано. 

LG G6
LG G6

Дисплеј

Уредот вклучува 5.8 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1440×2880 пиксели. Резолуцијата е поразлична од онаа на останатите телефони, благодарение на уникатниот 18:9 сооднос. Има одлични контрасти, или поедноставно кажано, подлабоки црни и посветли бели нијанси. Неговата големина го прави одличен за гледање видеа, како и филмови или серии на Netflix без проблем.

LG G6

Перформанси

G6 доаѓа со минатогодишниот Snapdragon 821. Наводно, Samsung првично го резервирал Snapdragon 835 за Galaxy S8, оставјќи го LG без избор. За среќа, тоа не е никаква пречка, бидејќи уредот одлично ги извршува своите перформанси. Играњето на Asphalt Airborne 8 или Modern Combat 5 беше беспрекорно, без никакви проблеми и успорувања. Инаку, работи на Android 7.0 Marshmallow и батерија од 3300mAh. Со повремено користење, батеријата издржува 5 до 6 часа, а со послабо користење може да ви користи цел ден. 

LG G6
LG G6

Камера

Смартфонот доаѓа со дуален систем камери од 13 мегапиксели. На добра светлина, сликите се беспрекорни, но, на пониска светлина се забележуваат мали проблеми. На камерата и е потребно многу подолго време да фокусира, а понекогаш и воопшто не успева во тоа. Селфи камерата од 5 мегапиксели е одлична во извршување на својата работа, но како и кај главната камера, фотографиите се малку поматни при пониска светлина. 

LG G6
LG G6

Се на се, LG G6 е голем чекор во правата насока по неуспехот на LG G5.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.