x

LG G6 Pro и G6 Plus ќе бидат претставени на 27 јуни!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Јуни, 2017 од GSM.mk

За да го зголеми користењето на LG Pay, јужнокорејската компанија ќе претстави две нови верзии од LG G6, LG G6 Pro и LG G6 Plus..

Телефоните ќе бидат претставени на 27 јуни во земјите каде веќе се продава оригиналниот LG G6. Кога станува збор за цените, LG G6 Pro ќе може да го имате за 715 долари, а LG G6 Plus за 890 долари. 

Мал дел од нивните спецификации се познати, но една од нив е дека компанијата планира да претстави нова “Astro Black", со која корисниците ќе може да гледаат различни нијанси на црна боја, во зависнот од аголот во кој го држат телефонот. 

Истотака, знаеме дека LG G6 Plus ќе доаѓа со 128GB меморија и безжично полнење, кое е достапно и со LG G6, но само во Америка. Од друга страна, LG G6 Pro доаѓа со двојно помалку меморија од онаа во G6, 32GB.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.